Но ние се сметавме за каури, христијани и рајати и помниме дека сме имале наша каурска и рајатска царштина, но сме ја загубиле на Косово Поле, кога им се налутил господ на нашите предедовци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа крстување на нашите предедовци стана уште кога тие одвај влегоа во однос со покултурните романски народи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главната причина да зборуваат Византијците за Словените, значи и за нашите предедовци, беа нивните војни со Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Името Бугарин, како што се гледа, до половината на XIX век немало за нашите предедовци поголемо значење од имињата: христијанин, рајатин и каурин.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Србите беа главната воена сила против Византијците. Нашите предедовци беа нивни сојузници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)