Придвижување од историската кал во која денес е закопано хрватското општество се чини дека исто така нема да биде можно без промена на традиционалната парадигма на односите меѓу половите која сѐ уште ги проникнува сите форми на нашиот општествен живот. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Затоа, да се бараат општествените основи на субјективитетот не значи да се побиваат најдлабоките чувства и интуиции на луѓето и да им се сведуваат на статус на обични илузии и делузии.359 Тоа, едноставно, значи да се објаснуваат.
Втората премиса ми е дека работните обрасци на машкиот геј-субјективитет не треба да се стремат да ја оградат родовата ориентација од сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа значи да се постигне одреден степен на противтежа во однос на нив, истовремено признавајќи им ја натамошната способност да ги диктираат условите на нашето општествено постоење.253 Ова објаснува зошто машката геј-култура еволуирала тешко дофатлива културна практика и начин на перцепција, познат како камп, кој подразбира да не се сфаќаат сериозно, буквално и неиронично самите нешта што се најважни и што предизвикуваат најмногу болка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нивното полагање право на нашето верување се ослабува, нивната првовеликост се подрива кога се пародираат или кога се нагризуваат, исто како што се поткопуваат сексуалните и родовите идентитети кога се театрализираат, кога се прикажуваат како улоги, а не како суштини, кога се третираат како општествени изведби, наместо како природни идентитети, а со тоа и се лишуваат од тврдењето дека се сериозни и автентични, од нивното право на нашата морална, естетска и еротска верност.
Но, да се дереализираат хетеросексуалните или хетеронормативните општествени улоги и значења, да се раздрма нивното неприкосновено полагање право на сериозност и автентичност не значи да се сврши со нив и да им ја снема моќта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто на коментатори на културата како Камил Палија и Харви Менсфилд, кои мешетарат со такви предрасуди или ги мобилизираат за да им дадат на своите ставови божемна убедлива разумност, секогаш им успева да си најдат восприемлива публика – публика која е и тоа како готова да си ги фрли во вода наводно „политички коректните“ уверувања (кои, како прво, очигледно не ги ни пригрнала многу ревносно и искрено) во корист на нешто што лесно, но делотворно, се протнува како чиста природна стварност и како очигледен здрав разум.
Ова само покажува колку од она што го сметаме за стварност е, всушност, општествено конституирано без да престане да ни изгледа стварно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, Турците од нас направија народ „каурски” и „рајатски”, термини засновани врз нашата пониженост пред Турците, врз религиозната разлика помеѓу нас и нив и врз нашата општествена положба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)