највисок (прид.) - скеле (имн.)

Беше еден лилав септемвриски ден, за другите тој секако беше сончев и чист, доѕидуваа некакво банкарско здание во Букурешт, беше на највисокото скеле, остануваа уште неколку реда тули до чатијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие сега не беа калливи суштества, што се пентарат по скелињата, нити пак ситни точки, што се движат некако чудно, како клопчиња, по улиците малечки и валчести, гледани од највисокото скеле, со чудна некоја форма и со уште почудни движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)