Негде се кинеше на слогови невесел и истрошен глас, песната од ослободеното грло беше сонлива и лазеше несигурно по земја.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но и нему не му беше добро, зашто сите дома беа невесели и не си ги вршеа работите како што треба.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)