Ја обземало тага што не може како другите деца да трча, што при врвење по улица некој невнимателен човек се подзавртува и ја загледува како оди нанесувајќи ѝ го погледот болка, што скоро сите ученици меѓу себе некој некоја ја сака или има симпатии, се дружат, шетаат заедно, а нејзе никој не ѝ пријдува, не ѝ обрнува внимание.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)