Впрочем, постојат и случаи кадешто и неколкукратно е надминат овој шестмесечен временски период кога судијата мора да донесе 1. За овој лоциран проблем види го и списанието Direktna akcija – propagandni bilten Sindikalne konfederacije „ASI“; epoha II, #4; Beograd, 2009; str. 32-33; како и книгата на Франк Хантке: Синдикатите во XXI век – Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзиција (со предговор на Џон Монкс); Фондација „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје; Скопје, 2010. 302 пресуда, без притоа тоа да повлече било какви негативни репер- кусии по професионалната кариера на конкретниот судија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, вистинските ангажирани и автономни „синдикати без лидери“ треба да се обидуваат да бидат што е можно повеќе хоризонтално и непосредно демократски организирани, па преку ефективни директни, ненасилни, непоколебливи и кохерентни акции, како и преку индивидуални лични примери достојни за почит, да го мотивираат своето членство, а и неодлучните работници – и на тој начин да работат на остварување на своите агенди во корист на работништвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)