Кога, стручно и темелно, ќе заземеше угледно место меѓу судиите, кога почнуваше да расте неговиот авторитет и кога ќе се поставешепрашањето за неговото унапредување, секогаш пресудуваше партиската кадровска шема.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Идниот ден Толе наврати во селцето Лопатица и вечерта ги собра селаните да им понаговори да се вооружуваат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас дури сега почнував да ја признавам за себе правата цена на неговата
личност, и ништо од порано - ниту она големо залагање да ни ја предаде скаутската теорија, ниту вештината да ги примени тие знаења на самиот терен - не можеа да го закрепат во мои очи неговиот авторитет така, како оваа согласност да ме води кај воспитачот. пред кого сам не се решував да стапам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Благодарејќи на неговиот авторитет што го уживал пред мутесарифинот, заточениците биле ослободени од оковите.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Третирајќи ги женствените идентитети како улоги наместо како суштини, како општествени изведби наместо како природни состојби, геј-културата им ги загрозува достоинственоста и легитимитетот и, со тоа, им го слабее правото од нас да изискуваат верба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа се бори против културниот симболизам на женственоста така што ги увеличува нејзините апсурдности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исходот, кој можеби не е секогаш намерен и посакуван, е експлозија на тој културен симболизам – поткопување на неговата моќ и на неговиот авторитет, нагризување на неговата тржествена угледност и подривање на неговата наводна разумност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајка му, пак, уште како млада болничарка занесена по новиот доктор, сета среќна што му станала брачна друшка му остана асистентка во животот, се престори во сенка на неговиот авторитет угодувајќи му и одобрувајќ и му секој чекор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)