Пред неговиот поглед стоеше сега само она грбушка на белиот срт, кој во еден миг загуби се рубинено, израснувајќи во неговиот сосредоточен поглед во еден единствен бел брег, со една дивокоза на најостриот дел на неговата височинка, и сето тоа полека се смируваше под чадорчето на предниот нишан на неговата пушка, кој поигруваше сѐ понезабележливо од неговиот притаен здив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
САБОТА Сабота ја оживува радоста на душата а небото е светло и во неговите височини жолта птица притаено лови гласови од црковни ѕвона.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Солун е расположен амфитеатрално, па човек тешко може да се изгуби, ако се спушта од неговите височини од левата страна, од тврдините, од оние места на чии врвови се наоѓаа романтичните цигански маала, од оние врвови од каде што се шири панорамата на сиот град, на сето солунско пристаниште, на сиот крај, на сиот брег покрај „Беас Куле“, кој е претворен во големо и пространо крајморско шеталиште.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
2. Додека ѕидарите, мајстор Хусеин и мајстор Абдула, го редеа скелето за минарето и патем се препираа за неговата височина, ибн Бајко веќе убаво се смести во чифликот на село Бразда, што му беше доделен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)