негов (прид.) - големина (имн.)

Навистина, тој е само вечен, неговата големина лежи во сѐ и над сѐ, безимен е, додека она што му припаѓа има само едно име и презиме - Богдан Јанков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Звукот на неговите чекори како да продолжуваше и понатаму, како расипана плоча, иако не изгледаше дека неговата големина се промени кога се приближи и се задржа тука.1 Кога застанав и погледнав во небото, забележав дека светот се врти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По ѕидовите имаше црвени плакати на Младинската лига и на Шпионите, како и еден постер на Големиот Брат во сета негова големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЗТПОК од 1993 година вклучи одредби кои подетално ја регулираа трансформацијата на претпријатието во зависност од неговата големина.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така со часови, Вера, продолжуваше да си ги каса и корне усните, да ги грицка жилите околу ноктите, да ги корне мозолчињата од челото, додека незадоволно ја превртуваше секоја страница, по веќе не знам кој пат само ... и само за да го најде она што би ја задоволило, што би ја направило горда дека, ете, таа ја согледува неговата големина, чувство што веројатно, макар и за момент, би ја поистоветило со него - нобеловецот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Милчо најде еден голем (чинам дека беше див) зајак (каде ли само го најде?) кој беше доста параноичен и со оглед на неговата големина и снага беше тешко да се контролира.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Водата се предаде, го пушти да се качи во планината високо, високо, да можат сите да ја видат неговата големина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја престраши неговата големина, но, сепак, се смируваше себеси: „Ма тоа ми е од јадење!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првиот впечаток беше неговата големина и распоредот на куќите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)