негов (прид.) - грешка (имн.)

Но тоа беше негова грешка: не си го организира својот дочек.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе го имаше сето тоа што го снема заради една негова грешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеби поради причината што последиците од неговите грешки се секогаш најкатастрофални за него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Па, секогаш кога децата ќе најдат нешто што ги воодушевува, се наоѓа и некој кој кажува дека тоа мора да е лошо.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ох, тој не знае во што е неговата грешка!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И доцна сфати дека палењето на сламата е неговата грешка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се трудеше да не ги повторува неговите грешки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Понекогаш господинот Гроздановски правеше намерни грешки, смислени, со намера да го провери неговото поведение, па дури и да го збуни, но грифонот никогаш не пропушташе да ја поправи неговата грешка без оглед на тоа дали била намерна или не.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Слушајќи го Игора Лозински како зборува за Сталин и неговите грешки, Татко во свеста ја имаше типологијата на балканските диктатори - јаничари, кои го предизвикувале падот на сопствените империи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)