Преку контемплациите во еден примерок, или во мноштво примероци книги, ние оформуваме слика за поминатото време како насобран талог; добиваме чувство за неговата длабочина и димензионалност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Таа сакаше да ползи во него, во неговото срце, да ја досегне неговата длабочина која се затвори против неа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со тоа како да го снема и денот и неговата длабочина и наеднаш сѐ стана сосема, сосема празно и плоско.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веќе беше истрчан низ вратата и веќе беше зел да го дроби тој снег, забиен со своите скокови во неговата длабочина и завиорен во еден огромен круг околу зградата на својата пилана, среде таа шума, чии што дрвја прилегаа повеќе на облаци од окит, а здивот веќе му збиваше во градите како триста тапани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
“ (Herman Blau) Во него можеме да врежеме нешто или да се вљубиме во неговата длабочина од далеку.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Важно беше само тоа дека сега мудрецот говореше од размо, од неговите длабочини, и веднаш почна своите мудри совети да им ги дели на обичните луѓе кои пак го слушаа со широко отворени очи и уши, како да сакаа наеднаш да го проголтаат сето од него чуено...
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако човечкиот ум има дава отпор, на промените, во неговата длабочина не ќе може да навлезе Светоста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)