151. Последниов истапи како противник на Турците со името Србин и со тоа Турците го врзаа со поимот Србин и Србија денешното кралство и неговите жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На таа планина, во обрач на шуми, карпи и облаци, бегајќи како и неговите жители од насилноста на султановата семожност, се приврзало со корен у судбина Крушево, во изговорот на старите поначесто Крушоо или Крушово, град во некоја доба, во илјада деветстотини и третата со име Република, прва на полуостровов балкански и, за историјата, најмногу од сите други републики во масивни обрачи на кралства, царства, књажевства.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На моја голема жалост, се прости со мене: На моето дружење со тебе веќе му е крај .
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Неговите жители ги демнат опасности. Прашав какви се тие опасности.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дијамантиве сега му припаѓаат на Шумшул- град, не на неговите жители. - И ти заслужуваш свој дел, Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Чувствувајќи грутка во грлото, Карер го врти погледот кон она што некогаш било еврејско гето на стариот Закинтос, потсетувајќи се на кажувањата на генерации и на официјалните хроники што неретко како татко на општината и самиот ги оживуваше во своите говори на градските собири одржувани по различни пригоди, од локалите до државните празници: дека Закинтос е остров на одамна воспоставена хармонија на сите негови жители: на православните Грци, италијанските католици и на Евреите, Закинтјаните со мојсеевска вероисповед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Поетот не успева, но го посејува семето на заедништвото, на отворениот простор, така што ѕидовите на обградениот еврејски дел од градот сепак се урнати, дури век подоцна, по иницијатива на еден од неговите претходници - ја реконструира Карер локалната хроника во себе - во времето кога островот се присоединува кон Грција. „Островот ли ги зближува луѓето”, по којзнае кој пат се запраша Лука Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Живееш во еден град триесет години, ги познаваш сите негови жители, а сега, наеднаш, читајќи весник и бавно чекорејќи, запаѓаш меѓу непознати луѓе, поинаку облечени од оние што ги познаваш, со поинакви очи, со поинаков говор.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во изминатите времиња и во спомените на неговите жители, кои во најголем број се распрснати по светот, попознато е како - Желево.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И така, јас, за едни Коле, за други Никола, некогашното овчарче од Герман, летото 1964 година со целото семејство се преселив во Скопје и станав негов жител.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сакаше да му рече дека сите негови жители од езерската колекција, добро се држат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Цветан Горски, на ова, веднаш во себе реагира: ова ќе биде погубно за Езерото, за сите негови жители! Ќе биде крајот на Езерото!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)