негов (прид.) - заменик (имн.)

Вршител на должноста беше неговиот заменик Псалтир Палигоров.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Првата британска мисија од дванаесет члена раководена од полковникот Еди Маерс и неговиот заменик Крис М. Вудхаус, на територијата на Грција била истоварена на 1 октомври 1942 година во близината на селото Карутис.324
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Началникот го нема, отишол на одмор, но го најдов неговиот заменик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци, во огромен износ од 65.060 МКД (1.070 ЕУР) паднаа на терет на туженото претпријатие, кои и ја изгуби парницата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Преку својот адвокат (Т. Китановски и неговиот заменик В. Бубевски) кои му ја изготвија тужбата тој, преку суд, побара од нив солидарно да ги покријат трошоците за лекување и да му исплатат оштета за претрпена болка и психофизички повреди со трајни последици, која според наша проценка беше доста фер и праведно побарана сума од 3.400.000 МКД (55.735 ЕУР) – со оглед на претрпените физички и душевни болки поради нагрденост, како и со оглед на трајниот карактер на последиците и намалената животна и работна активност за во иднина, односно пропуштената заработувачка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За директор на установа и негов заменик може да биде именувано лице кое има завршено високо образование – VII/1 степен и работно искуство од најмалку пет години во областа на извршувањето на санкциите или на сродни работи (чл. 34, ЗИС). 3.  Работодавачот е должен со акт да ги определи посебните усло- ви за вршење на работата на секое поединечно работно место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот –  незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот на установата има заменик кој го заменува во случај на негова спреченост или отсутност и го застапува во работите што тој ќе ги определи (чл. 33, ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директор на установа и негов заменик именува и разрешува Владата на РМ, по предлог на министерот за правда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)