— Џавид. Дургут, Халил, Хилмипаша, на сите ќе му дојдиме доак, не плашете му се, не сме сами.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се истеруал Турчинот со валби и петелеље прел селаните. Море крвавење, брату, крвавење сака, та да го оставе конакот, не само валби. Co валби се плашат децата и бабите, а не Арсланбеј и неговите заптии и аскери шо носат оружје од пред петстотини години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— А, така ли е работата? — се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ноќеска, велам, ќе го заградиме селото од сите четири страни и ќе му влеземе на мудурот во конакот, ќе го симнеме од столот и ќе си седнеме ние, ќе се ослободиме и од него, и од неговите заптии — да не ги глодаат веќе коските!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Куршумите просвиреа над главите на Шаќира и Јована и удрија во ѕидот во одајата, а тие што не погодија во прозорецот удрија во болмето под него и околу него, и од секој куршум се отвори по една дупка колку човешка глава да се протне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас се излага и си реку оти мажи одат по планина, а тие и од стрина Богдана биле подолни.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)