Накратко, тоа е да го правиш она што инаку е културно невозможно – односно, што е невозможно за нормалниот свет: да комбинираш страст со иронија.323
Машката геј-култура, всушност, разработила особено, дисидентско гледиште кон романтичната љубов, камп-гледиште, кое стрејтовите честопати го сметаат за цинично, токму зашто неговата иронија – која ја нагласува изведбеноста на романтичните улоги – им изгледа дека ја поткопува сериозноста и искреноста на љубовта, а со тоа и ја омаловажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не, тоа значи да ја прифатиш неавтентичноста што е во средето на романтичната љубов, да ја сфатиш романтичната љубов како општествена установа, како идеологија, улога, изведба и општествен жанр, а пак истовремено, самосвесно и без самоизмама, да ѝ подлегнеш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да си го живееш љубовниот живот како мелодрама, свесно и намерно да правиш така, се разбира, не значи да одбиваш да го сфатиш сериозно – како што ќе ти каже секој геј-обожавател на Џоан Крафорд, а сигурно и секоја оперска кралица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во 1990 година, Соник јут, класичната панк/гранџ/инди рок-група, творците на Конфузијата е секс (нивниот прв албум, излезен во 1983 година), на својот многужанровски компакт-диск Гу (Goo), кој им беше прво издание за Гефен рекордс, ставија песна, односно крик – во секој случај, нумера – со наслов Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако едно нивно целосно третирање би го надминало опфатот на оваа студија и иако би требало тоа да се причува за некоја идна, подробна анализа, сепак, прашањава може барем да се подрасветлат ако се испита еден пробен случај што ја вади на површина особеноста на односот на машката геј-култура кон женственоста и што помага попрецизно да се дефинира особената политичка намисла на неговата иронија.399
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Овие интересни, комплексни прашања налагаат да им се пристапува од случај до случај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, легитимно е да се истражува каде тоа ваквите преприсвојувања ги ставаат сите тие вистински жени и дали геј-женственоста придонесува кон унапредување или кон уназадување на симболичните, дискурзивни и материјални состојби на жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)