негов (прид.) - мисија (имн.)

Во доменот на неговата мисија, беше да трага и да ги открие судско-административните записи за чие постоење имаше само навестувачки елеманти, но не и поконкретни докази...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Југославија партизанските единици добивале материјали спрема приоритетниот систем кој бил изработен од Фицрој Маклин и Јосип Броз Тито.37 Според истражувањата на Маклин неговата мисија имала чисто воен карактер т.е. опсервација за тоа кој се бори против Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ние имавме и еден заеднички чин од времето на неговата мисија како амбасадор при нашето заедничко ангажирање за прием на Македонија во Меѓународната организација на франкофонијата, заедница на народи кои ја споделуваат употребата на францускиот јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ете затоа мораше да пишува – не оти мораше да прекорува, не затоа што не можеше да патува, туку затоа што беше одбран, а пишувањето беше неговата мисија на овој свет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На 30 март му се вратија главоболките. Најнапред најавени од остар писок во главата, уште понеснослив од оној од локомотивите што го означуваа успешниот крај на неговата мисија, само таков што не сакаше да престане.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но на крајот, јас морам да ви раскажам уште еден настан поврзан со Патрик Крисман и неговата мисија на Балканот. 1997 година не беше критична само за Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И во своите највидовити претпоставки додека беше жив, Татко не можел да го замисли падот на Берлинскиот ѕид, распадот на СССР и комунизмот, а најмалку распадот на СФР Југославија со братоубиствените војни, создавањето на новите држави, посебно на новата Република Македонија, а најмалку дека неговиот син за кого најмногу страхуваше, оти некаде ќе се заплетка на големиот пат на животот, ќе стане амбасадор на СФР Југославија, која при завршувањето на неговата мисија ќе се распадне, а потоа и прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го подготвуваше со сите сили да ја продолжи неговата мисија, да ја прошири и кај новите генерации.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)