Најнапред во своите дела венчаваа млади девојки за гробови и му го потставаа на народот изборот на смртта како негова одлука, а денес еве тоа свое „поетско завештание” го претвораат, овие жаргонски реалисти на смртта, во свое политичко дело.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Како по обичај, не ме праша што сакам јас, само требаше да се влечкам по неговите одлуки како послушно кученце кое го следи својот газда.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Особено минатата неродна година, со непрестајна суша, беше пресудна за неговата одлука да ја отстрани јаловата јаболкница од својот двор.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Повторно почувствува дека неговата одлука за детето, за неговото раѓање, има некаква врска со неговите родители.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, неговата одлука да се откаже од веќе родениот и потпораснат син, заради раѓањето на друго дете, со оваа друга жена, како да го порази.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Уште повеќе, што сите причини заради кои неговите родители не ја сакаа, не можеа да бидат од пресудно значење за неговата одлука да живее со Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, нивните обиди да изменат нешто во неговата одлука да го земе назад синот, останаа без успех.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Само понекогаш, во некои ретки случаи, мајка ми „му ги замрсува сметките“, со тоа што ќе му даде скришум некој ишарет, како што тој вели, што обично ги изменува неговите одлуки во моја корист.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И згора на сѐ, како шлаг: „Заборави ме брзо бидејќи, како што велиш и самата во писмото, заборавајќи ме мене ќе заборавиш дека и синчето личело на мене“.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)