Пола до пола, лаф муабет, го испрати дедот Петко поп Трајка до неговата порта и се разбраа дека на Илка ќе му земат за венчање три лири !...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Застана пред портата на Едо Бранов селанецот, погледна нагоре и надолу по уличката и заклучи дека во неговата порта може да се влезе без никој да те види.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како што се приближуваше кон неговата порта така го успоруваше одот. Виде дека на портата виси резе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Маката на овој човек беше во тоа што ќерка му, грдата Савка, влезе во години а на неговите порти не тропна ни стројник, ни сват. Момата ноќе се мачеше, не спиеше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го водеше сѐ додека не се добраа до неговата порта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Маката на овој човек беше во тоа што ќерка му, грдата Савка, влезе во години а на неговите порти не тропна ни стројник, ни сват.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Три или четирипати годишно, некој што го зборуваше неговиот јазик ќе дојаваше до неговата порта и ќе разменеше неколку смели идеи со него.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш, со какви светли, врежани и прекрасно декорирани букви мораше да биде испишан денот кога еден трубадур – трубадур кој, според енциклопедијата, бил актуелен меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век – застана пред портите на неговиот баронски замок!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа е театар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Над неговите порти, како во Ермитаж кај Лентовски, пишува: “ Сатира и морал”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)