негов (прид.) - посета (имн.)

Трајко пак, си идеше на двете недели еднаш на преслекување; после почна Митра да му носи алишта на колибата, та престана и таа непотребна негова посета; и така се беше на свое место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Климент ја отвори вратата на својот колега од соседното село, малку изненаден од неговата посета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чаршијата овозможувала развој на повеќе занаети како, на пример, изработката на кожа, волна, восок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Подоцна видов дека неговата посета беше сврзана со една душевна потреба на човек кој дошол во посета на својот крај по многу години и ништо друго посебно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа среќавање со добриот старец го чувствуваше како потреба, како свое лично задоволство и знаеше дека и за дедо Иван неговата посета е радосен, весел настан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На средбата со македонските писатели, откако од претседавачот на собирот беше претставен и со искажувањето дека Роже Кајоа го поставува човекот во центарот на рланетата Земја, како најсовршено суштество, тој непредвидено го прекина предавачот и несогласувајќи се со неговото тврдење дополни: Не, почитуван претседателе, јас никогаш не сум го поставувал човекот во центарот на егзистенцијата, за мене човекот е и како другите животни, кој произлегува од делувијалниот период, со незавршена еволуција...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Роже Кајоа, сакаше да н разувери во вечноста на книгата, велејќи ни дека книгата, уште од клинестото писмо на кое беа пишувани закониците на Хумараби, има три илјади годишна историја, која сигурно ќе продолжи и во новите милениуми. Така ни говореше Роже Кајоа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја имав честа да го придружувам при неговата посета.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од каде сега сомневањата и чудното однесување на толкумина во врска со неговата посета на Горно Морино?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)