негов (прид.) - препорака (имн.)

Но кога, на негова препорака, стигна во Света Гора, кај вујкото Антим, ја пушти на волја и таа сосема се изврте против бога.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Више секса него кекса“ беше неговата препорака, кога помислив дека и во таа област се влегува со рестрикција по климаксот, па се уплашив за себе и за сите други како мене... во години средни.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Лесно ви беше, Боге, да наредувате додека траеја борбите: дај ова, направи она.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сети се само на сардисаните кај Крупиште. Колкумина беа?“ „Богами добра бројка“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, врз база на таа заповед на Ѓурчина и врз основа на неговата препорака да извршувам порачки како мајстор од столарскиот занает, го замолив Боге од Бањи да ми помогне и практично да ја озакониме мојата ваква усмереност!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Поприлична бројка! И сите беа погребани во сандаци?“ „Точно“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За време на работниот период за кој беше ангажиран, бидејќи немаше склучено класичен договор за вработување, тој немаше никакви бенефиции во поглед на здравствено или социјално осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму по негова препорака, тие изготвуваат писмена Опомена пред тужба и ја праќаат по пошта до подоцна тужениот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако компанијата беше мала, таа работеше доста успешно во поглед на изнаоѓање работа и клиенти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)