Но следните денови како што полека се гасеа новогодишните сијалици така се гасеше и неговото расположение.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Па како е утрово мојот драг пријател? - му се обрати Виктор на Томо, со намера да го поткрене неговото расположение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И не само тоа, туку и кадарот е толку празен и неврзан што велам: „Е, ако тој е сѐ уште расположен - без разлика како е расположен - носете го низ кадарот во крупен план, но тоа негово расположение задржете го на екранот”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
(И Јаже беше сличен обид, но од други причини: Хичкок се обиде да го реши проблемот на пренесување на театарска претстава на екран) .
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сето тоа, всушност, немаше значење, туку важно беше неговото расположение.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеби затоа што Милан беше ѕидар, времето секогаш имаше влијание врз неговото расположение и неговите чувства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега точно знам, ако тогаш во некои моменти не сум се внесувала сосема во неговото расположение, дека мислата на моето заминување ја доживуваше како голема опасност, та сега сакаше да се одбрани.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тоа имало необично влијание врз неговото расположение.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За време вечерата испил едно две чаши шампањско – пијалак како што е познато, што не влијае лошо во однос на развеселувањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)