- На крстопатот, на излезот од шумата, ќе го дочека куциот самовил, истиот оној волчји цар чие завивање го одбележи неговото раѓање.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Албумот започнува со сликата од неговото раѓање, па слики од детството и младоста сè до неговото заминување, потоа меѓу нив наредени се слики од сето негово семејство.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во чест на стогодишнината од неговото раѓање го отворивме и Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Погледот ми продолжи угоре, на блискиот рид на кој како да беше излегол Сталин од својот мозаик, граден со камчиња од сите краишта на Албанија по повод стогодишнината од неговото раѓање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Повторно почувствува дека неговата одлука за детето, за неговото раѓање, има некаква врска со неговите родители.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Војната заврши неколку месеци по неговото раѓање, но детството му беше исполнето со нејзиното неумоливо присуство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Строг поглед и ситни сиви очи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа ја паметеше годината на неговото раѓање по некои настани во селото, а за татко ни датумите беа врзани за средбите со Борис Кривошеев, нашиот дедо.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Овие записи, во својата почетна форма, се наоѓале во главата на авторот уште од неговото раѓање.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Трагал по своето потекло, надевајќи се да открие дека некаква голема трагедија го одвоила од неговите родители – замислувал дека тие починале веднаш по неговото раѓање, или пак дека во некакви несреќни околности го изгубиле, а потоа никако не успеале да го најдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но онаа друга помисла, дека бил отфрлено новороденче затоа што бил несакан нов живот, го здоболувала до смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сталинистичкиот режим, се закорени, како никаде другде, со амбиции на новите сталинисти, да го надживеат и во земјата на неговото раѓање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Животот во Езерото, мили мои, уште од неговото раѓање во терцијарот, има континуитет кој никогаш и не бил прекинат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Обуката на чедото почна пред неговото раѓање!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)