негов (прид.) - собиче (имн.)

Но, нему му беше тешко со она, што се случуваше тука, внатре, во неговата собичка во пиланата, во кја сега беше и толку пријатно топло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил само еден луд миг во него и го повел по себе, сега беше наполно свесен дека тој ниеднаш нема да биде во состојба да стори нешто такво со овој свој малечок, нечекан гостин, дојден во неговата собичка и безденноста на темните ноќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко сега се мачеше да погоди што можеше да биде во неговата собичка она, што не би ѝ се допаднало на Мара, сето време просто ја гледаше како таа го изнаоѓа тоа уште со првиот поглед, а кога не успеал во тоа, тој ја пушти таа пуста работа и отиде да си ја сместува храната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку задоволен од сето она, што му го имаше донесено во неговата собичка тој малечок гостин, што неколку пати се исправаше од леглото само за да го погледне уште еднаш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)