Делото на Хирст е органска скулптура („озлогласено“ присутна во поновата британска уметност, нпр. во автопортретите од крвна плазма на Mark Quinn), а мумифицираното тело на овцата упатува на смртта токму низ претставувањето на „очајничкиот“ обид да се задржи претходната состојба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кај Ворхол, напротив, не е можно секогаш со сигурност да се разликуваат пропустите од свесното расипување или модифицирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Додека Годаровата и новобранова субверзија произлегува од познавањето на традицијата врз која се базира и од која израснува тенденцијата кон интелектуализирањето, Ворхол се однесува како да го открил филмот: неговата субверзија произлегува од незнаењето, односно од тежнението кон упропастување и деинтелектуализирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во доменот на Damien Hirst: „Одделчена од стадото“; „политичката естетика“ тоа наликува челик, стакло, јагне, раствор од формалдехид, на балсамираното тело на Ленин 96х149х51 см, 1994 бидејќи упатува на идеолошкото значење на „оддржувањето во живот“ како илузија за „оддржување на среќата“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)