Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Собранието реши секоја година да се носи храна: жито, грав, маст, сирење во тврдината Пешта, каде што беше седиштето на земскиот коцобашија и неговата чета сејмени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Зошто ја прифати понудата на Крстиќ да се пријави доброволец токму во неговата чета? На ова прашање можни се два одговори.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но постои ли начин или приказна што ќе може барем привремено да го одложи расчеречувањето на мојата земја и тоа помеѓу олку настрвени мајки, запенуваше одвреме навреме Раде Ич, и тоа секогаш во присуство на капетанот Трајан Крстиќ, кој веќе неколку дена го врбуваше за доброволец во неговата чета на 23от Пешачки полк, што требаше токму тие денови да замине на фронтот на Кајмакчалан.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Газеше по нараснатата бара и во клобуците во кои умираа капките на дождот пушташе кораби од хартија; а неговата чета, глутница, дечишта, одеше по него и го обожуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
— А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)