негов (прид.) - љубопитство (имн.)

Напати и Татко се доближуваше до тајната што Русинот ја притајуваше, странично и ѝ се доближуваше, неговото љубопитство растеше, но тој остануваше трпелив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така и ја протолкував промената на темата и прашањето во врска со пристигањето на Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но, тоа не го исцрпи неговото љубопитство.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знаев дека не го бев задоволил неговото љубопитство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секидневието татко ми не водеше разговори, само поставуваше прашања а мажите се трудеа да го задоволат неговото љубопитство, но притоа не се стеснуваа да забележат дека се плашат овој негов зафат да не излезе буричкање со маша по згасната пепел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еднаш дури и ме праша (но без спремност да дочека и одговор, иако бараше мислење) колку било разумно нејзиното однесување кога само делумно ги задоволувала љубопитствата на синот?...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај не умеела да го задоволи неговото љубопитство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)