Тоа по што човештвото се разликува од животните е неговата моќ да создаде систем на звучни знаци кои ги претставуваат не само неговите чувства и идеите за надворешниот свет туку и неговиот внатрешен свет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можам да претпоставам дека сите тие беа привлечени од интензивноста на неговото внатрешно зрачење,со кое ги скротуваше и најодбојните скептици.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А и самиот уметник допринесол во конфузијата околу неговите дела, изјавувајќи дека интерпретацијата на секое негово дело треба да се смета за интегрален дел од самото дело.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Најпосле, седна и продолжи со мавање по капакот, овојпат од неговата внатрешна страна.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Не знаеше дека, кога мажот се жени, дозволува во неговата внатрешна доблест, другото битие да биде можен инструмент на повреда на таа доблест.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зад сето тоа остана тишина и тој се сети: никој не го викаше, тоа беше само неговиот внатрешен глас.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лесно го примав неговиот внатрешен глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Заборави ги чудовиштата, костурите и змиите, биди јунак над јунаци и удри им клоци на визиите.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа значи дека лекарот може да го прегледа пациентот со скенер и потоа да ги види неговите внатрешни органи во ВР.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Значи, зошто луѓето ги уништуваат уметничките дела во музеите и галериите?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Многу често извршителите на овие дела сакаат да го сфатат вандализмот не како нешто сосема безначајно за самото уметничко дело, туку како исполнување на неговите внатрешни Маргина 37 51 потенцијали или дури и како начин на оживување на уметничкото дело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој знаеше дека во неговото мало семејство религиозната припадност ќе ги одделеше и ќе го загрозуваше неговиот внатрешен опстанок.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зад сето тоа остана тишина и тој се сети: никој не го викаше, тоа беше само негов внатрешен глас.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)