негов (прид.) - најголем (прид.)

И ваму како и таму, сè посилно чувствува: неговата најголема казна е казната на сведочењето на таа отсутност на животот од која не може да се ослободи, сведочењето на испразнетите еврејски куќи, дворови, училишта, маала, населби, на Солун, градот испразнет од децата на Јаков.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не ќе може некој да рече дека бил во Амстердам ако не ја види неговата најголема знаменитост: цвеќарниците и берзата на цвеќето на Алсмер, гратче на дофат на Амстердам, кое може да се смета за негово подалечно градско подрачје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ние сите се изменивме откако го видовме тоа. (...)Идејата за музеј на Енди Ворхол, претпоставувам, е добра, иако не може да го компензира она што го загубивме поради невниманието на некоја медицинска сестра, ниту да ја евоцира неговата најголема креација - Фектори, корпорација - уметничко дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но најопасно од сѐ беше тоа што тој не веруваше во неви­ ност и мислеше дека сите ние сме онолку софистицирани колку што тој мисле­ше дека е и самиот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ни даде визија за маргината како центар, за цивилизацијата како рог на изобилство на своето незадоволство, за културата како збир на нејзините отпадоци, стилизирани субкултури.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа старо, умно куче беше дел од неговото детство, негова најголема радост, негова најсакана игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Христос, кој се вратил на земјата, му вели: „Раководиме со човештвото на негово најголемо задоволство, за тоа човештвото ја платило цената на својата просечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Верував дека некако ќе се разбереме, но дувна ветар и ги избриша моите убави цртежи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пустинското дете сега уште повеќе се смееше, и јас се веднев и цртав на негова најголема радост.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Помислата дека таа може да биде вистинската жена на неговиот живот, кај него предизвикува неспознаена радост: поради остварувањето на неговиот најголем сон, продолжување на поколението.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Омразата и бесот што му ја завладеаја душата, му го истераа сонот и ја преплавија неговата слика за родната земја со безнадеж беа неговиот најголем пораз.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не, умре сосем ненадејно: несреќен случај го прекина неговиот живот, а она што се случи по неговата смрт беше и неговата најголема тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она што потоа следеше, беше малку срамно за фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Предноста на ваквите системи е во тоа што благодарение на нив би можело да се сочува контролата над уживателите кои евентуално би морале да посетуваат предавања за последиците од дрогата за која се определиле, би биле подложени на постојана лекарска контрола итн. На овој начин уживателите и понатаму во извесна мера би биле обележани, што еветуално би можело да ја обесхрабри побарувачката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За жал, ползата од овој систем минимум, така што би спречувала размена на игли, би давала истовремено би можела да го предизвика и неговиот најголем подобра и попристапна здравствена заштита на високоризичните недостаток
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Што да запомнам, Аритоне Јаковлески? - праша Кејтеновиот син како воопшто да не беше тепан; тоа беше негова најголема грешка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Така јазикот остана неговата најголема битка и љубов до крајот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За неа, неговото бегство вечерта, ноќта, беше неговото најголемо предавство кон неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сè повеќе сфаќаше дека негова најголема грешка е што се врати кај нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Предаваше уметност на децата во Централната Академија на Бруклинскиот Еврејски Центар од 1929. до 1952. година.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој можел да ги види работите со наивна непристрасност, да ги набљудува објектите како чисти форми, презирајќи го знаењето за нивната конвенционална функција и формално значење. 106 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа слобода на визијата во детската уметност го интри­гирала Пикасо, а токму таа претставува негова најголема уметничка дарба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој го посматраше детството како наивно спротиставување на вечната трагедија на човештвото, што истовремено беше негов најголем интерес.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, неговата најголема заслуга е што успеа да внесе ред меѓу луѓето и водите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„И девојките, и нивните муштерии“, вели итрецот, и тоа беше неговата најголема тајна што понекогаш ете, и јавно ќе ја соопштеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но неговата најголема палавштина се состоеше во тоа што ме натера во седечка положба да ја чешам главата со нога; тоа го правеше на тој начин што мавташе со ушите ту од едната страна ту од другата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во еден поран есеј, се обидов да ги покажам епските призвуци што лежат во основата на неговата доцна поезија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојат два реда што го содржат ова согледување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата неприкосновена искреност, за добро и за зло, го покрива целото негово дело и ги прави достоинствени дури и неговите најголеми гафови. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 235 Риверс никогаш не е помалку од потполно вклучен во задачата што си ја поставил: да го украси своето доделено место во историјата на уметноста со толку многу незауздано изобилство колку што самиот може да поднесе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го менува во Larry Rivers во 1940 година, кога почнува професионално да се бави со музика, свирејќи со Џез групи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вистинското име му еYitzroch Loi- za Grossberg.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Риверс е роден во 1923 година, во Бронкс, Њујорк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни самиот не можеше да поверува дека неговата најголема желба му се остварила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога го испраќавме на аеродромот, сите бевме среќни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)