негов (прид.) - понатамошен (прид.)

Обидот да се погоди што понатаму низводно ќе му се случи на листот од повеќе причини е залуден потфат: и најмалата промена во положбата на листот може во потполност да го промени неговото понатамошно течение.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа исто така љубезно ги позајми делата од својата лична колекција, почнувајќи со трите коњчиња-играчки што Дишан ги изработил од сечени картони и ги исликал уште како дете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По завршувањето на Филозофскиот факултет во Букурешт (1928-32) Сиоран ги пишува своите први филозофски текстови вклучувајќи се во „Генерацијата 27“ заедно со Елијаде, Јонеско, Вулканеску, Нојка, Цуце. 1934-та му излегува првата книга, На врвовите од очајот, барокна и експлозивна, незаобиколна и клучна за неговиот понатамошен опус.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Иако се дело на неговата рака, овие мали фигури тешко можат да бидат групирани заедно со неговите зрели трудови; како и да е, исто како што и билбоке-то може да се гледа како најава на неговиот понатамошен развој, овие играчки го документираат неговиот ран интерес за игри, преокупација што ќе остави трага и врз неговата уметност и врз неговиот живот, со шахот како еден екстрем, и уметничките игри, односно, неговото одбивање да ги игра - како друг.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)