негов (прид.) - празен (прид.)

Според она што можев да го видам и да го почувствувам во хотелот “Крошна”, за неговата празна душа и за неговото спечено срце ноќта беше тешка мора, а за неговото расчаталено тело, само миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас ја ценев работата на Ниротакис Алимакопулос и, во еден период, интерно, во рамките на моите надлежности во трговијата со жените, го назначив за шеф на транзитната служба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И јас веќе можев да видам како од една разнина се исправа оживеана изветвеност на некого што бил и останал само сенка и спомен на своето минато, победник на својот пораз, исправен е и ги подава празните ракави кон мене или, доколку сум мртов за него, кон некого од некогашниот свој живот, а во неговата празна утроба се одмотува клопчето на агонијата и го враќа претсмртниот час на тој призрак - ќе му се исповеда мртвиот на животот, ќе не плисне со тајни и ќе не повлече очајни со себе во бездните на невратот, на тоа ништо, на тој измислен акварелен портрет потргнат од есенски дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И нели свиреа ветришта во неговата празна уста?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од сѐ, најмногу ми беше страв брат ми да нè се изменил, да не не е веќе таков каков што беше, да не ми се чини како туѓ. Како ќе живеам со туѓ брат?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу такви и слични мисли ме мачеа додека седев во неговата празна соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека тоа само покажува дека секој од нас си има свој сопствен начин за интерпретација на пораките кои што ги прима... (Замислено Ахил го спушта погледот врз ливчињата од чајот на дното на неговата празна шоља за чај) Уште чај Ахиле? 40 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Да, ве молам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се одлепи од тезгето. Му пријде прво на оној во износената туѓа облека и се наведна над неговата празна чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)