негов (прид.) - сексуален (прид.)

Него сега го дефинирала неговата сексуална желба – го направила сосема геј – но и го оставила во секоја друга смисла сосема нераспознатлив од нормалните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете што значело геј-ослободувањето, барем делумно: ослободување на сексуалноста од родот, слобода да се биде мажествен и умножување на сексуалните можности кои ги создавале новите буч-стилови на хомосексуалноста – токму со тоа што им овозможувале на геј-мажите да еротизираат други геј-мажи како геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако ги утврдија процентите, убедени дека и тој поверувал во статистиката што ја изработиле нејзините родители, поминаа на организирање на неговиот сексуален живот и изборот на партнерките.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа исто се залагала и против сите облици на краличинство кај мажите, кои ги сметала и за несекси и за назадни – за несреќни остатоци од една мината доба на сексуално угнетување и на интернализирана хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи хомосексуалната толку долго се третирала како психолошка абнормалност или патологија што се состои од замена на половите улоги или родова обратност, една видна нишка на постоунволската машка геј-политичка мисла и култура се обиде хомосексуалноста да ја одвои од родот и да ја претстави како чисто сексуална ориентација, во која сѐ се врти околу изборот на сексуалниот предмет и која, затоа, е сосема во согласност со нормативната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Промените во Милеровото општество и во околностите на неговиот сексуален и емотивен живот биле толку пресвртни, што она што стрчи како бизарно и што плаче за објаснување не се дречливите контрасти со минатото, туку истрајните континуитети – упорните моќ и привлечност на светот на чувството што го познавал пред воопшто да можел да ја претпостави преобразувачката моќ на геј-гордоста, пред воопшто да можел да успее да заземе и да насели некаков геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што некого го правело геј-маж не биле неговиот нестандарден родов стил и неговиот женствен субјективитет, туку насоченоста на неговата сексуална желба, неговата еротска привлеченост кон мажи, неговата општествена припадност на машки геј-свет на рамноправници, квантитетот и мажественоста на неговите сексуални партнери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Американската идеологија на телото му го укина, имено, на тоа предизвикувачко тело, правото на дружење, на неговата сексуална функција, му го укина на тоа привлечно тело - правото на сексуална привлечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)