негов (прид.) - чуден (прид.)

И не помислувал на цената! - се трудев да ја сватам неговата чудна одлука.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Васј, не симнувај ме од среќата“, молеше тој, а јас, збунета од неговите зборови или од неговата чудна неприсутност, ги расчеречував очите, гледав околу него, се напнував да го видам она што тој можеби навистина го гледа, а таму ништо освен ништото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше едно грдо, едно најгрдо детиште, високо, свиткано како врбова прачка, со искривени раменици, па потоа тие негови чудни, ококорени очи, како тие да не знаеја за сон, да се склопат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби токму оваа моја помисла беше причина малку подоцна да додадам дека не треба да избрзуваме со заклучоци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со време навикнавме на неговите сѐ почести исчезнувања, на неговиот чуден живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рајна, значи, сепак не одела на Езерцено поради Голем Тодор и неговите чудни приказни, или заради некакви си серенади, туку заради Белогардејците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)