негов (прид.) - очигледно (прил.)

Уметникот мора да се грижи за својата публика, која од своја страна ќе цути под неговата заштита, исто како и Бојс кој чувствувајќи ја топлината на своето имагинарно стадо, вистински станал здрав и независен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
111 Неговите портрети на минувачи, изложени - меѓу другото – на Биеналето во Венеција, во Центарот „Жорж Помпиду“ и на Шанзелизе во Париз – ја поставуваат случајноста во центарот на создавањето значење, истовремено егзалтирајќи „химна за потенцијалната и непознатата креативност, за не-признавањето на уметникот-поет кој е избришан од историјата“ (Акилe Бонито Олива).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бојс, оттука, благодарение на својата фантазија, стекнал самодоверба, се тешел и конечно сам се излечил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Препуштајќи му го на случајот изборот на фотографираните субјекти, извлекувајќи ги од анонимност случајните минувачи и поставувајќи ги во центарот на вниманието резервиран само за славните, делото на Димитријевиќ претставува критика како на системот на вредности со неговите очигледно произволни хиерархии, така и на идеологиите кои лежат во основата на рекламниот дискурс и политичкиот култ на личноста: „Се обидов да најдам одреден вид на активност што ќе ми овозможи да ги надминам рамките на формалната еволуција и да се обидам фундаментално да го променам нашиот пасивен однос кон опкружувањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)