Било која форма     на знаење која би му упатила предизвик на неговото скептично разбирање на     светот наидуваше на негово снажно неодобрување, дури осуда.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Борхес ги     обвинува и строго ги осудува книжевните движења (романтизмот и надреализмот)     и формите на мислење (марксизмот и психоанализата) кои не се занимаваат толку     со едноставно апстрактно мислење туку со прашања што се однесуваат на животот     (иако на мошне апстрактен начин): тоа е недоверба во рационалниот поредок,     класниот поредок, поредокот на егото, и побуна против нивната злоупотреба.     животот како подрачје под прагот на свеста, како случај, борба или желба, како     да го ужаснува, и секој напор насочен кон истражување на длабочините на тие     води наидуваше на негов отпор и муртење.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во истиот есеј за Валери тој напиша: „Заслужната мисија која Валери ја направи (и понатаму ја     прави) е тоа што тој на луѓето им пружи луцидност во едно во основа романтично доба, во меланхолично доба... на дијалектичкиот материјализам, во време кое     го најавуваше Фројдовото учење и трговците на надреализмот...“ okno.mk | Margina #32-33 [1996] 214     
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Борхес беше интелектуално животно,     солипсист заклучан - како Минотаурот од неговиот расказ - во лавиринт што самиот     го изградил.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 32-33“
              
              (1996)