Притоа, работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние штрајкувачи кои, со своето однесување, поттикнуваат „насилничко и недемократско однесување“, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот (чл. 237, ЗРО/05); д) и, конечно, избришана е и одредбата која велеше дека органот на управување или функционерот не смеат да го спречуваат работникот да учествува во штрајкот, ниту да употребуваат присилни мерки за- ради окончување на штрајкот (чл. 14, ЗШ/91) и наместо неа се воведе спротивна одредба која вели „работникот не смее на кој било начин да биде присилен да учествува во штрајкот“ (чл. 239, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние работници кои со своето однесување поттикнуваат насилничко и недемократско однесување, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бројот на работници отстранети од работа не смее да биде поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)