независен (прид.) - и (сврз.)

При одлучувањето за граѓанските права и обврски и при одлучувањето за кривичната одговорност, секој има право на правично и јавно судење во разумен рок пред независен и непристрасен суд основан со закон (чл. 6, ст.2 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Должност на претседателот на советот, односно судијата поединец е да се грижи предметот на спорот сестрано да се претресе, но постапката поради тоа да не се одолжува, така што расправата по можност да се доврши на едно рочиште (чл. 297, ст.2 од ЗПП). Постапката пред судот се уредува со закон и се заснова врз след- ниве начела:... – судење во разумен рок (чл. 10, ст.1, ал.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот, американскиот и советскиот интерес спрема Македонија ќе се судрат во врска со прашањето за иднината на Македонија, односно околу прашањето за обединувањето на Македонија, Македонија како независна и суверена држава, Македонија во рамките на една балканска федерација или конфедерација или словенска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)