Татко живееше со своето цариградско време, длабоко, длабоко скриено во својата душа, во пресрет на бурните и неизвесни времиња што се навестуваа на Балканот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Балканот, во тие бурни и неизвесни времиња, кога се разминуваа империите на фашизмот и на сталинизмот, му личеше на голема судница во која му се судеше на стариот живот, во полза на новиот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бевме среќно семејство во тие немирни и неизвесни времиња на Балканот во градот крај реката...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој град некогаш полн со здравје, сега неухранет, вошлосан, отворен кон болестите на душата и телото, на работ од епидемијата на тифус, на уплав, на треперење пред неизвесните времиња, под ударот на болести и несреќи што најнапред, како по правило, прво ги погодуваат сиромашните, брзо фаќаат корен и се шират меѓу најмногубројните.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Што ли ќе се случува со втората, третата...?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но стасаа и бурните и неизвесни времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но кога заминуваше татко ми, тоа беа воени, неизвесни времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кого и како требаше да брани во овие тешки и неизвесни времиња, кога бргу се менуваше власта, само тој знаеше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ти имав пријателе, и јас тогаш, како и ти сега, скрита мисла, да го следам патот на јагулите, пред неизвесни времиња како можен излез и спас од своите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Цветан Горски, во тие тешки и неизвесни времиња, се прашуваше: дали душата на Игора Лозински беше толку голема, силна и страдана, видовита, што тивко зајде - токму пред новата можна средба со сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој во тие темни и неизвесни времиња, кога царуваше фашизмот во Европа, откако се спаси од сталинизмот во својата земја, стигна крај Езерото следејќи го патот на јагулите, и останувајќи им верен на ситните паразити, рибите на Езерото и птиците, а посебно на нивните миграторни движења...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Идат, синко, неизвесни времиња и којзнае какви сè војни ве чекаат, што ќе донесе иднината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој продолжи: – Но тоа беа тешки воени, неизвесни времиња кога, бегајќи од фашизмот, ја загубивме родната земја! – Тогаш бевме млади...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И Татко и Мајка, во некоја од прелистуваните страници, бараа зракче светлина во тие темни и неизвесни времиња на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)