Сепак, кога на 7 јуни 1905 година четворица студенти на архитектура се здружиле во уметничката заедница „Brücke” (Мост), тоа претставувало храбар чекор во неизвесна иднина и тогаш никој не ни претчувствувал дека тој датум еднаш ќе биде сметан за датум на продорот на германската уметност во Модерната и наедно почеток на движењето подоцна наречено експресионизам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Затоа, нараторот мудро вели: Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не ми беше тепко да го оставам, да се оддалечам незабележан, да понесам една горчливост во себе поради мојот невешт ученик, поради изгубената вера на секој осамен човек со неизвесна иднина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Често си играше така како мал, кога ќе надојдеше Луда Мара, па и подоцна кога сè уште не можеше да се оттргне од детството, иако веќе покрај него шеташе по некоја од неговите симпатии како манастирска пауница, на која тој уште не знаеше како да ѝ пријде, како да ѝ се приближи, да ѝ се додвори и да ѝ предложи (љубов, се разбира, не неизвесна иднина со непознат сликар).
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не ми беше тешко да го оставам, да се оддалечам незабележан, да понесам една горчливост во себе зарди мојот невешт ученик, заради изгубената вера на секој осамен човек со неизвесна иднина.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Има и такви кои му забележуваат на Микеланѓело дека бил голем скапџија, божем тоа ги засега баш нив а не фамилијата Медичи.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Демек, оттогаш кинисала скапијата и дека врз таквите призори од минатото се издигаат новите светски кризи и неизвесната иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Според неа, она што таа го нарекува соголена душа е сенката која талка помеѓу двата брега на егзистенцијата, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Посебно го импресионираше тоа што Кабалата ја споменуваше како „оголена душа”, како сенка која талка помеѓу двата брега, помеѓу мртвото минато и неизвесната иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)