некогашен (прид.) - живот (имн.)

Во зборовите некогаш во интензивен оптек, и во нивното време, се криеја с уште живи значења коишто не само што можеа да го осветлат некогашниот живот на Балканот туку и некои постојани состојби на човековиот дух.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие гласови, пред второто умирање или пред воскреснувањето, здружени во хартиено мноштво, драматично сведочеа за некогашниот живот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Безброј траги на некогашниот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И самиот тој во некогашниот живот беше негов лут противник – железен човек со челична маска место лице, низ која се пробиваше ’ржењето на разбеснетиот волк.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Макар што потрагата беше при својот крај, требаше уште Камилски да реферира според договорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бараа да откријат што се крие зад епот и легендата, зад славењето на јунаштвото, но тешко допираа до тајните на некогашниот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)