Се шират - пишува грчкиот конзул со еден некоректен јазик - гласови дека и во самиот град Солун “Бугарите ќе извршат злосторства и со употреба на динамит“ ќе нападнат цркви и ноќни процесии по повод велигденските празници, како и други јавни установи, со цел да создадат паника и впечаток дека турската власт не може да обезбеди сигурност и оти тие се господари на земјата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)