На радникот кој три месеца не земал плата најлесно е да му понудите две сапуници, три реални шоуа и некој дебилен квиз со кој ќе го шашардисате па нема да мисли на вистинските проблеми и петте неплатени сметки за струја.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
7. Хаосот ѕирка низ дупчето на забот (Треба да се оди на забар!), хаосот лази низ запуштените нокти (Треба да се отиде на педикер!), хаосот се најавува преку темните влакна на обоената коса (Под итно на фризер!), хаосот се пробива преку флеката на облеката (Облеката веднаш на хемиско чистење!), хаосот ѕирка низ дупката на чорапата, хаосот се заканува од секаде, хаосот чука на вратата со неплатените сметки, со можното губење на работата, со можната тешка болест, хаосот се крие во картонската куќичка на бездомникот, хаосот бревта од дебелите минувачи, хаосот се кези од лицата на наркоманите, хаосот испарува од уличните отвори за канализација, хаосот зева низ црните, запалени куќи во Бронкс, хаосот ноќе шушка од кантите за ѓубре, хаосот се кикоти од секаде, се придвижува од мрачните дупки, дебел, страшен и црн како градски стаорец... 13
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)