Кукулинците што останале не го прославиле својот мал и непознат народ над кого од стари времиња не легнала сенка на голема војна; тие, и многу такви пред нив; биле јунаци и плашливци на безброј мали војни што никој никогаш не ќе ги сочува преку мраморни паметници, за поколенијата; живееле, се биеле, умирале ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умниците, а такви секогаш имало на светов, се запрложувале од жал над човекот што не умеел да го сфати животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)