- Во моето излагање без дозвола се вмешува непознат човек со службен тон на говорот, кој седи наспроти мене, во скапа, кожена фотеља, со видливо одважен став, божем јас несмасно одговарам т.е раскажувам вистинска случка од мојот вистински живот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој не може веќе ни да се праша од каде олкава дрскост кај едно толку младо девојче, такво однесување спрема непознат човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сакаше да се покаже и пред нив, да го поверуваат, еве како овој непознат човек.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од кого смеела таа некогаш да бара објаснение, па и сега од овој непознат човек што нема никаква врска со нивниот случај?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
— Кој е тој непознат човек шо сака да ми помогне? — праша Најдо и се протегна да ги размрда мускулите, да му се раздвижи крвта, бидејќи ете, неколку дена како лежи во темната јама без воздух, без светлина, бетер од оние во прилепскиот затвор и во Катилане во Битола.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Непознат човек не може да те изневери.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Господ Седржителот, кога го создавал светот, водел сметка и во непознатото да стави зрно познато, за да можеме да го именуваме“, рече и продолжи медот да се излева од устата негова: „Зарем кога ќе сретнеш непознат човек, не те потсетува тој, по одот, или по некој дел од телото свое, или по гласот на некој што претходно си го знаел?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Можеби татко му на Иван ќе се појави“, се обидов да узнаам нешто повеќе за нејзиниот однос кон тој непознат човек.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Да знаеше и да беше уште жив можеби и ќе се појавеше“, рече таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
-Јас не ќе можев толку лесно да одлучам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А зар е можно туку-така да се замине од дома и тоа со непознат човек - ја бев прашал?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми заприлега на туѓ непознат човек роден да казнува виновници, грешни и непотребни на државата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како што покажува приказната со моине пријатели Французи, генеричките конвенции кои уредуваат што една послужителка смее да му рече на сосема непознат човек во Ен Арбор, а да не предизвика изненаденост, се разликуваат од оние што важат во сличните интеракции во Париз.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога ја подадов главата од отворот на шаторот за да го видам непознатиот човек, татко ми на неговото прашање рамнодушно ги крена рамењата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Најверојатно овој непознат човек не знаеше за нашата страшна трагедија со мајка ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По долго вѕирање и разминување, Сликарот се упати повторо кон Сарајот воден од некоја сила или силна љубопитност да ја открие тајната на пресоздавањето свое во лика на непознат човек.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога во еден миг, по долго работење, го сврте погледот од огледалото кон платното, на него не се забележа себеси, не го најде својот автопортрет, туку здогледа портрет на непознат човек, млад, убав, натажено-спокоен, молчалив, сиреч, длабоко оскрбен и задуман.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Саво повторно се прашуваше со што може да го изненади овој речиси непознат човек - Утре ве чекам во Центарот за социјални грижи во Суботица, за да го преземете вашето бебе. На Саво му испадна слушалката од рацете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во гумното стои Јон, како непознат човек, истуѓен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И за големо чудење не го сонив Јона, туку некој непознат човек, непознат војник.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми се стори ковчегот самиот од себе се издолжува, станува мерка на непознат човек од минатото, го ослободува од грч со својот простор, да се протегне, да ја подаде раката и на еден извежбан начин да го поткрене капакот, од ноќ на ноќ свикнат на неговото чкртање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ја отворивме вратата. Пред нас стоеше непознат човек, за нас чудно облечен, со негувана црно-бела брадичка и шапка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше сиви сенки околу краевите на усните и одеше под рака со непознат човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Наговорила две други девојчиња да тргнат со неа, избегале од поворката и цело попладне го поминале следејќи некој непознат човек.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Непознат човек, а толку познат. Однапред знае за него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мило ѝ е што Дине сѐ уште работи околу бараката, што погледнува на кај неа, што чувствува дека тој сака нешто да ѝ каже, ама не го одвртува патот, не му се приближува, а и тој одмавнува со раката и се откажува од намерата да проговори со неа оти она што сака да ѝ го каже може да ја заболи, може в срце да ја погоди, може во тежина да се претвори оти што значи ова што непознат човек виде во тело на дедо Костадина!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дине само еднаш подзапре, само еднаш ја сврте главата на друга страна од штицата, само тогаш кога почувствува дека зад него стои сосема непознат човек оти тој што беше зад него немаше никаква мисла во својата глава што можеше да биде непријатна, уште пред да се сврте знаеше дека човекот ужива како тој си ја обезбедува куќичката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Првпат видов тоалет со теписон, но не реков ништо околу тоа; тетка ми го забележа восхитот на моето лице и задоволно ми се насмевна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тоа ми беше прво излегување надвор од земјата во кое собата морав да ја делам со друг, непознат човек.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Овчарите мораа да се распоредат така што ако се зададе непознат човек од некаде кон селото или ако штогоде се случи, да можат еден преку друг да јават в село и од село на време да им биде јавено на комитите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Мачно е постојано да стоиш пред непознати луѓе и постојано да чекаш да те караат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)