Слично на Грос, Ото Дикс, исто така, минувајќи низ воените случувања, стана жесток           пацифист, така што и тој од почетокот на дваесеттите години мина една фаза во која           неумоливото констатирање на бедата и неволјите и укажување на злата креатура и           грабливото животно во човекот, по пат на претерување добиваат експресивни црти.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)