Нѐ пречека силна светлост и шум на нејасни гласови.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Вилиците го болеа, низ отворените пори на жешката течеше златна смола додека без напор ловеше еден далечен и нејасен глас - на Никола, не, на Јана - не, сеедно, и се прашуваше кој сум и каде сум.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Слушаше плисок на вода и нејасни гласови. „Сигурно близу е морето“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Горе, на третиот кат, застанавме пред голема врата од оревово дрво што мазно светкаше; зад неа се слушаа нејасни гласови, далечен шумор кој зборуваше за повеќе луѓе што разговараат неповрзано и на повеќе теми одеднаш.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)