нејзин (прид.) - безбедност (имн.)

А и друго: ако манастирот го земе Кралството на СХС нејзината гранична линија би била толку блиску до важната албанска сообраќајна линија што ја поврзува Корча со Елбасан, што од стратегиска гледна точка, би била загрозена нејзината безбедност.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во консултации со работничката, а во зависност од ризикот по нејзината безбедност и здравје, работодавачот мора да воведе мерки за заштита на бремената работничка, работничката која неодамна родила или дои, за отстранување или намалување на опасноста од: (1) неповратни ефекти; (2) предизивикување рак; (3) наследни генетски оштетувања; (4) предизвикување штети на нероденото дете и (5) предизвикување штети на исхраната на детето (чл.15 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)