нејзин (прид.) - вкус (имн.)

Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И треба, си реков, во сето ова да има дел од неа, од нејзиниот вкус и од нејзиното благородство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)