нејзин (прид.) - грб (имн.)

Врз нејзиниот грб удираат здробени камења.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам дали Јоле не ја помрдна раката од нејзиниот грб, таа остана на местото и наскоро пак се смири иако не продолжи да јаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Прстите од едната рака ги пушти да ја допираат по наборите од блузата, а другата ја стави на нејзиниот грб шетајќи од горе до долу, неколкупати, чувствувајќи ги кревките чаталчиња на нејзините ’рбетни пршлени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Роса во леглото се намести од кај прозорчето, покровот што го префрли преку сите четири моми и себе гледаше од другата страна да ги зафаќа целосно за да не настине некоја од нив, а нејзиниот грб и не мора сосема да биде покриен.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзиниот Петар е веднаш до неа, грбот си го топли од нејзиниот грб, а од носот му се гласат повеќе свирки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Кха, кха, - кашла Зоки зад нејзиниот грб, преправајќи го гласот, и вели: - Слушаш ли, Мечето кашла! Настинато е!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пустинското дете не ме разбра; не ме разбра ни камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Можеби им личев на добродушно џуџе, или на водено дете излезено од некое море, или пак на ловецот што го убил волкот и ја спасил Црвенкапа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Од нејзиниот грб се лизна пустинското дете и застана пред мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)