нејзин (прид.) - живот (имн.)

Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се знае впрочем дали тоа име ѝ е вистинското, а во историјата, во поширока смисла, нејзиниот живот и нејзиното минато се штура безначајност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа што нешто не е, исто така е прашање на навика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега овие две најзначајни патувања од нејзиниот живот требаше да се ослободат од наслојките на носталгијата, од соништата, и да се соголат во нивното „политичко” и „историско” значење, во време­то на збиднувањето, па сè до годините на егзилот на наше­то семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја крепеа нејзините ќерки, до последните денови од животот. Но и нејзиниот живот е една друга историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И дали благодарејќи на некој таинствен ветер во нејзините размисли ќе зашумолеле понекогаш тие трски?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но каде беше таа што го покани да дојде и која синоќа толку го трогна со исповедта за нејзиниот живот да не можеше да ѝ каже потоа зошто ја повика во својата ложа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека ја раскажуваше оваа серија од нејзиниот живот, солзите не престануваа да течат низ нејзиното лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е таа можност што ни е дадена и треба да се користи".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Напротив, лежеше сосема занесена од волшебноста на ненадејната промена во нејзиниот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беа тоа ретките мигови на среќа во деновите на залезот на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што потоа? Ако навистина среќата на нејзиниот живот стои тука, сега, пред неа?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога се ближеше 70–тата година од нејзиниот живот, една година по смртта на брата си, ја доби црвената виза за патување барем до неговиот гроб...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сани знае дека сѐ е навика, дури и тишината и заборавот и отсутноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поради тоа, велеше дека и самиот нејзин живот, животот на семејството, но и животот на нејзиниот народ, е граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тераписката ситуација, овие роднини значително учествуваа во прифаќањето и во вреднувањето на преферираните тврдења на Еми за нејзиниот живот и на способноста на Еми да го одвои својот живот од anorexia nervosa.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога згасна и нејзиниот живот, во шепотот на тишината на Татковите книги, според непишаниот морален тестамент, мене ми преостануваше да го зачувам и да го дотолкувам распоредот на овие книги, да ги продолжам имагинарните битки кои секогаш започнуваа и завршуваа во оваа библиотека.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше чудо: првпат во нејзиниот живот ја разбираше маж, кој ја слуша со сета своја душа и не очекува во замена да спие со неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Елен Лејбовиц, претпоставував дека можела да биде професор по француска книжевност според суптилните и задлабочени анализи на моите книги, но јас никогаш не ја дознав нејзината вистинска професија, како и многу други податоци од нејзиниот живот, почитувајќи ја нејзината желба за строга анонимност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Целиот нејзин живот чекореше заедно со нејзе, следен од нејзината судба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сиот нејзин живот согоруваше во тоа верување на кое му се надоврзуваше и последната мисија на враќањето во родната земја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Освен таму каде што засегаше во нејзиниот живот, таа не се интересираше за партиската доктрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа разговаравме за причините поради кои ги преферира токму овие правци на развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку овие прашања, индивидуите кои се загрижени заради “губење на нивниот однос” (преходна доминантна тема), можат да утврдат дека промените во алтернативното ниво на акција сугерира дека тие се на пат кон “повторно воспоставување на нивниот однос” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зар не беше сиот нејзин живот жртвуван во разминување со смртта?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Можеби поради тоа што така несреќно заврши нејзиниот живот памтевме се, и најмала ситница од нејзините особини, дури и сосема неважни работи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Па затоа, како најсилен извор во потрагата по нејзиниот живот, ми се наложи истражувањето на молкот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ден, уште штом ја видов другарка ми Марина при влегувањето во класот, по изразот на нејзиното лице сфатив дека се случило пак нешто, ново, нерадосно во нејзиниот живот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Од вратата ѝ даде бискупски благослов и замина засекогаш. - „Верувај ми“ - беше последното што ѝ го кажа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше јасно оти ја бев заслужил оваа голема наклоност на Мајка да се грижам за книгите, по објавувањето на романот Таткови­те книги, во која се раскажуваше нејзиниот живот, нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нејзиниот живот имаше повеќе празнини и денови на осама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но бидејќи стануваше збор за Пеперутката и за судбоносен настан од нејзиниот живот само одмавнав со раката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, ете, Французинката го носи кучето в скут, не сака да се оддели од него, зашто тоа преставува дел од нејзиниот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во исто време, праведно бранејќи ја власта од посегање по нејзиниот живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ова доведе до идентификација на различни настани кои имаа анти-аноректичка природа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во тие зборови како да беше стуткан целиот нејзин живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкиното детство и раната младост беа врзани за две патувања, против чиј заборав таа постојано се бореше, што претставуваше и дел од смислата на нејзиниот живот, покрај судбинската предаденост на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа го дознав многу, многу години подоцна, трагајќи по тајните на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сиот нејзин живот беше таков, секоја нејзина желба се протегаше до исполнувањето лижена од ладниот пламен на свилата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, опсесија ми стана тој град и тој Дизниленд во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше тоа книга метафора, метафора на нејзиниот живот, книга која го беше задржала живо времето на 1939 година во Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова беше постојаниот рефрен во нејзиниот живот, обично тивко изговорен, а најчесто и зачуван во себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За што повеќе на следниот час. *„Болката непрекинато во душата на Рената копаше црн бунар, сѐ подлабоко и подлабоко забодувајќи ги лопатите, сѐ пониско и пониско спуштајќи ја својата кофа,и не беше тешко да се предпредвиди денот кога ударот на ашовот ќе мора да ја пресече и самата нитка на нејзиниот живот“. (В.Брјусов) ** „...кон нејзиниот поглед и нејзиниот бакнеж,како што коренот под земја тежнее по влага“. (В.Бјусов) okno.mk | Margina #22 [1995] 91
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Но паметам еден твој совет што е и вистински остварлив и јас постојано си го повторувам (и реков откако спомените истекоа):"Секогаш имај го предвид и не изумувај го правото на избор!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си ја поставив пред себе целта, со пишувањето, преку страдањето и преку откривањето на причините за Мајкините солзи, да дојдам до неколкуте тајни на нејзиниот живот, до фрагменти од самиот нејзин живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кратко траел престојот на Мајка во рајот на детството, во училиштето на солунските Сестри на св. Пол де Венсан, но тој се врежал засекогаш во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сливите веќе беа зрели.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И самото прво ќе ја изведе таа артистичка геста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од сè што се случи во нејзиниот живот овие неколку години.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога самотата, со годините што се пластеа врз неа, сè повеќе притискаше врз нејзиниот живот, Мајка се пре­се­ли во Татковата соба и спиеше на неговиот некогашен кревет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прво заедно ги разгледавме ефектите коишто anorexia nervosa ги имаше во разните области од нејзиниот живот - вклучувајќи ги социјалните, емоционалните, интелектуалните, и ­секако, физичките.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова е обид да и ја исполнам и таа желба последна од трите за што ме зарече последната година од нејзиниот живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- До стрништето? А што си барала таму, те прашувам јас тебе?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како што се чинеше дека Еми сѐ посилно ги поддржува овие анти- аноректички активности, јас ја охрабрував да ми помогне да ја разберам основата на тие активности во нејзиниот живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Солун на нејзиното детство и Италија на нејзината младост, беа двете дестинации на нејзиниот животот, две патувања кои не престануваа во нејзината душа, двете носталгични точки на надежта, на животот, особено во поодминатите години на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја замолив Еми да ги вреднува овие анти-аноректички состојби: Дали таа ги смета за попривлечни и пожелни правци на развој во нејзиниот живот, или пак за тривијални и непривлечни?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали само во нејзиниот живот или и во другите животи е така - Марија не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И така, Мајка на чуден, необичен и напати мистичен начин, ја одржуваше, ја задржуваше во себе, ја ширеше таа своја италијанска пролет како единствено среќно го­диш­но време на нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговото присуство во нејзиниот живот личеше по малку на настаните од приказните. Од убавите приказни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ до крајот од нејзиниот живот
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во секој случај, не ја познавам доволно за да донесувам заклучоци, иако, за некои нешта од нејзиниот животот имам слушанато; за некои од оние нешта што се однесуваат на учеството на Таша во нашата борба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секое скалило менуваше нова слика од нејзиниот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еми била вовлечена во одредени практики на само-управување - “технологии на селф”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најпосле, Татко ги откри главните линии и протагонистите на Мајкината грчка врска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога почувствува дека има успех со нив, таа премина на подиректната социјална мрежа, којашто ги вклучуваше нејзините роднини, кои почна да ги поканува за време на терапијата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 41
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кој ќе ѝ објасни што се беше случило толку страшно во нејзиниот живот за да ја доведе во ваква безнадежна состојба? До вакво растројство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не, не ... не мислев дека едвај чекам да го видам нејзиниот погреб, туку сакав да речам дека малку ќе ви раскажувам и за нејзиниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но барем виде и кај остана нејзиниот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да разберат нешто за нејзиниот живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали Еми ќе сака да продолжи да се подложува на тврдењата на anorexia nervosa за нејзиниот живот, да продолжи да се покорува на барањата кои таа ги поставува?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа ги прифатила овие практики како форма на самоконтрола и како суштински во трансформирање на нејзиниот живот во некој прифатлив облик - кој би бил израз на нејзината самоактуализација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Прифаќам исто така дека не постои збор од оние, пофалните, што Таша не го заслужува!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар имаше уште нешто да каже за таа нејзина единствена пролет, голема пролет во нејзиниот живот, што не ни беше познато во семејството?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Целиот нејзин живот е мрежа на интуиции, почетокот на зборови, како неон и свод, бор, топаз, сенка, но тогаш бебето почнува да плаче.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ѝ доаѓаше да кине месо од себе само да помогне, нејзиното чедо да не се јаде и да ги задржи двете најважни суштества во нејзиниот живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овој настан внесуваше неочекувано малку живост во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јана во секој круг виде по еден дел од нејзиниот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко, уште во младоста, кога се запознал со Мајка, ѝ беше дарил големо шише со лимонова колонска вода со која таа често се смируваше при големите потреси во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тивко згасна и нејзиниот живот, во една од преселбите кон Корча, за време на Втората светска војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По фотографиите со ликот на генералисимусот, гаќичките ѝ беа нешто најсвето во нејзиниот живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не ја тераа да се сеќава на лошите моменти од нејзиниот живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но таа, за Мајка, секогаш беше света, книга отаде овој нејзин живот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујна Клементина станувала не само како мајка за внучето сираче туку и нејзина учителка, најубавиот и најцелосниот универзитет на Мајка во нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доказ ми беше тоа што мајка ми само еднаш во нејзиниот живот имаше отидено во Лос Анџелес, службено пред две години на доделувањето на Оскарот, но затоа пак, секоја година по еднаш одеше во Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За нејзиниот живот со сопругот во Германија многу не знаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кажуваше дека навечер, од собата во која спиеше Хајнерле, се слушало нешто како шепотење, или како пеење, или како липање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзиниот живот доби нова смисла и таа почувствува дека е одново среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа лето 1930 година, последното лето во нејзиниот живот, мајка остана со мене во Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Колку е тешко да се проживее, мамо? - ја прашувам а таа ми се смее негде од далечината?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога всушност тоа е и нејзиниот живот и на многу други Небески.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Изгледа токму тоа е, бидејќи целиот нејзин живот бил само бура што носи и однесува, потоп и несигурност, а на кои секогаш им пркоси верувањето го носи и го праќа промислата. Некаква еврејска ли истрајност?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ова огледало си го носеше на своите патувања во Грција и во Италија, во двете најзначајни патувања од нејзиниот живот, потоа го носеше низ урнатините на бал­кан­скиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Каков што беше нејзиниот живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа била свесна дека нејзиниот живот на Балканот ќе биде означен од постојани мешања, од преселби, од секакви разлики: јазични, етнички, верски.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нејзиниот живот со своите значења се испреплетуваа првин „грчката врска”, па „италијанската”, зачнати од нејзините единствени патувања во Грција, во Солун и во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
КРСТЕ ЧАЧАНСКИ (1949–2003)  ЧУТУРАНГА25
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исто така ја поттикнував, врз основа на овие посакувани правци на развој, да размисли и да каже што смета дека е важно во нејзиниот живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој толку многу се спои со нејзиниот живот, со нејзинотo размислување, со нејзините чувства и со нејзиното дишење, така што таа дури и не го сметаше за одвоено човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дали вагата е покрај Меланхолијата само затоа што е потребно премерувањето на тежината кога се гради, или е таа и симбол на постојаното вагање, постојаното премерување, постојаното колебање?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа, кога и било предложено да замине во Цариград и да им биде во услуга на гемиџиите, (што ги знаела како револуционери, но за чии конкретни планови најверојатно ништо не знаела), прифатила со задоволство без да се исплаши од евентуалните катастрофални последици за нејзиниот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Само во едно сум сигурен, во врска со сите изречени и неизречени пораки: мајка ми сметаше дека нејзиниот живот не треба да го земам за пример.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Армасот на Деспина за неа е една голема лекција која дефинитивно ќе направи ред во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И тогаш преместувајќи ги од лево на десно и обратно сите предмети што и таа ги допирала до пред некој ден, копајќи по нејзиниот живот сега откако ја нема (не оти имав поважни работи во животот па никогаш не стигнував да и се посветам доволно), најдов две тетратки А4 формат.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Матилда беше среќна со таквата одлука – во раната младост имаше операција по која не можеше да има деца, тоа беше несреќата на нејзиниот живот, и сега се радуваше што може да се грижи како мајка за малечкиот, заменувајќи ја својата почината сестра.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Малата Ервехе си го имала престојот во лазаристич­ко­то училиште како свето училиште кое не престана да зра­чи во текот на целиот нејзин живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пелагија не може да дојде до одговори на прашањата што сама си ги поставува, сиот нејзин живот како да е само еден непрекинат сон од кој не може да се излезе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сара и јас се дружевме со неа скоро секојдневно, и така полека–полека дознававме за нејзиниот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој остана и по нејзиниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За некои работи, особено за оние кои се врзани за нејзиниот живот, таа има право самата да одлучува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во нејзиниот живот беше најприсутна семејната судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки.  Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа се случи недела две пред да се сретне со тетка Перса, личноста што направи вистински пресврт во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали и мајка ми знаела по нешто за коленцата на нејзиниот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гаменот беше најголемата необичност во нејзиниот живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дува во шепата, а откако го издувува чекласот, со растреперени прсти го чисти глотежот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кој можеше нешто да стори за да се пополни таа празнина во нејзиниот живот?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка ми, среќна, нѐ галеше сите. Смислата на сиот нејзин живот беше нашата среќа, а оваа наша радост беше дел од тоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имено работата беше главниот ’рбет на нејзиниот живот, ’рбет врз кој се држеше сето друго меко ткиво.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Различните активности прифаќани без поговор и ставовите врз кои anorexia nervosa “го темелеше својот опстанок”, веќе не ја детерминираат нејзината личност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Именувањето на алтернативна тема или контратема е многу важно, помеѓу другите работи, и затоа што, (а) значајно учествува во чувството на индивидуата дека нејзиниот живот оди нанапред по патот кој таа го одбрала; (б) овозможува да се припише значење на настаните или искуствата кои инаку би останале незабележани или за нив би се сметало дека се од мала важност; (в) го олеснува правовременото одредување (средба-по-средба) и поврзување на настаните кои се случуваат за време на тераписките средби и (г) ѝ дава на индивидуата чувство дека знае кој може да биде следниот чекор во избраната животна насока.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како што индивидуите почнуваат да ги артикулираат преферираните настани во овие алтернативни нивоа на активност, и како што стануваат сѐ поангажирани во уредувањето и поврзувањето на овие настани во посебни секвенци низ времето, можат да бидат поттикнати експлицитно да ја именуваат на овој начин сугерираната алтернативна тема или 50 Margina #4-5 [1994] | okno.mk контратема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не сфаќаше како докторите не успеале од неа да извлечат нешто повеќе за цели две и пол години. Повеќе за нејзиниот живот... таму, во Германија... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ла Ринашенте на нејзиниот живот. Со време, оваа книга ја добиваше патината на светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)