нејзин (прид.) - колега (имн.)

Доколку не ја познавав другата страна на Ема и јас за неа ќе го мислев истото, како и нејзините колеги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По шпицата, презентерот чијшто лик го знаеше целата земја и кој според некое непишано правило секоја вечер погрешно ја сложуваше вратоврската со сакото, со глас што оддаваше лажна енергичност, го најави првиот прилог – киднапирање на ќерката на висок гардиски полковник од страна на нејзин колега, вработен во Секретаријатот за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беше омажена со нејзин колега, келнер во една кафеана во центарот на градот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Елена и нејзиниот колега, ја чекаа Марија на излезот од аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Елена поседе малку и замина заедно со нејзиниот колега.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тогаш, Елена и нејзиниот колега се приближија до нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тогаш Елена и нејзиниот колега почнаа разговор од нивната служба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Подарок на мајка ми од нејзините колеги од Шумарскиот факултет каде што работеше, како спомен за нејзиното заминување во пензија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)